активира
активираат; активираме; активираше; активирајќи
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Ранг: 6707
1.
Поттикне, поттикнува кон засилена активност, дејство.
Примери:
Откако ја заврши гимназијата, тој ги активира сите другари во спортот.
Слично со:
поттикне (св.)
2.
Преведе, преведува во активна служба, во активен работен однос.
Примери:
Доцните со уплатата на ратата од кредитот и ако не платите, ќе Ви ја активираме административната забрана.
Македонија го активира резервниот состав.
3.
Пушти, пушта, стави, става во работа, во дејство.
Примери:
Во Берово ја активиравме фабриката за производство на текстил.
4.
Направи, прави да се активира експлозивно тело.
Примери:
Тој ја активира бомбата.
Слично со:
направи (св.)
5.
(се активира) Стане, станува активен, поактивен, ја засили, ја засилува својата активност.
Примери:
Тој се активира во својата работна организација.
Слично со:
засили (св.)
6.
(се активира) Влезе, влегува во активна служба, во активен работен однос.
Примери:
По пензионирањето, таа се активира во една приватна фирма.
Изведенки
активирање ср.
глаг. им.
глаг. им.